ВИДЕО| Спектакуларен огномет во Белград и другите градови, дронови го обоија небото со српското знаме
Целодневното одбележување на Денот на државноста заврши вечерва со огномет кој почна во исто време во градовите низ Србија и Република Српска. Почетокот на огнометот го означија дронови кои правејќи ја тробојка од знамето на Србија стигнаа до Белградската кула од Калемегдан.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Србија го слави Денот на државноста во спомен на два датума – 15 февруари 1804 година, кога Караѓорѓе го започнал првото српско востание и 1835 година, кога бил усвоен првиот Устав на кнежевството Србија – Сретењски.
Националниот празник, кој се слави од 2002 година, низ Србија беше одбележан со полагање венци, државни церемонии и академија.
Од централната церемонија во Орашац беше соопштено дека борбата за слобода на српскиот народ се уште трае.
За време на денешниот празник на различни настани беа претставени значајни историски личности и нивните дела. На пример, на неколку места во центарот на Белград беа прикажани холограми на оние кои оставија белег во науката и уметноста. Секој кој вечерва помина низ улицата Кнез Михаилова можеше да ги види и слушне најважните лични и работи и биографии од Никола Тесла, Сава Шумановиќ и Надежда Петровиќ.
Освен со централната државна церемонија во Орашац, Денот на државноста беше одбележан и со свечености во Опленац и Крагуевац.
Српскиот претседател Александар Вучиќ по повод националниот празник Ден на државноста одликува повеќе заслужни поединци и институции, а меѓу Македонците кои добија ордени се и почеснот конзул на Србија во Република Северна Македонија-Силјан Мицевски-постхумно, академик Влада Урошевиќ и оперскиот пејач Никола Китановски, јави дописникот на МИА од Белград.


