ВИДЕО | Специјално јавување на Кристина Атовска од Украина: Се слушаа сирени цела ноќ, бевме засолнети во бункер

Кристина Атовска во Украина/Фото: Слободен печат

Доцна синоќа пред да започне полицискиот час во украинскиот град Лaвов таму пристигна репортерката на „Слободен печат“ и „Утрински брифинг“, Кристина Атовска.

Таа во јавувањето во „Утрински брифинг“ ги сподели првите впечатоци од пристигнувањето во овој град од Полска.

-Мислев дека ќе ја поминам ноќта на железничката станица поради полицискиот час во Лавов, но за среќа пристигна возот точно на време пред тоа и имаше хуманитарци кои не упатуваа каде да се движиме. Ноќта се огласија и сирени за напад и мораше да одиме во бункер за да се засолниме, раскажува Атовска за првата ноќ помината на украинска територија.

Атовска рече дека возот кој вчера тргна од Полска кон Украина, претходно донел стотина украински бегалци кои четири часа се симнувале од возот.

-Потоа во возот влегоа Украинци кои решија барем на кратко да се вратат дома. Со некои разговарав, некои отидоа некаква работа да завршат во своите домови, некои беа Украинци кои живеат и работат во странство па посакале да се вратат во земјата. Интересно е што возот се наполни со жени и деца кои се вратија во Украина, иако од таму побегнале во првите денови од руската инвазија на Украина, рече Атовска која останува денеска во Лавов.

Репортерката Атовска рече дека засолништата во градот се добро опремени и организирани и граѓаните на Лавов задолжително мора да се спуштаат кога ќе се огласат сирените за напад.

-Дојдоа родители со расплакани деца. Мора да бидат тука сместени во текот на ноќта, вели Атовска од која очекуваме уште едно јавување во текот на емисијата „Утрински брифинг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот