ВИДЕО: Спасувачите се борат со времето, повеќе од 2600 загинати по мароканскиот земјотрес

Земјотрес во Мароко / Фото EPA-EFE/YOAN VALAT

Од час во час расте бројот на загинати во разорниот земјотрес во Мароко. Според последните информации од Министерството за внатрешни работи на Мароко  досега загинале 2.681 луѓе, а 2.501 се повредени, јавуваат агенциите.

Земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала се случи ноќта на 8 септември во Мароко, со епицентар во областа Ел-Хуз во Маракеш.

Освен Маракеш, земјотрес ги погоди и главниот град Рабат и градовите Казабланка, Мекнес, Агадир и Фес.

Националниот центар за научни и технички истражувања со седиште во Рабат соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала и дека неговиот епицентар бил во провинцијата Ал Хоуз, југозападно од Маракеш, популарна дестинација за странските туристи.

Локалните медиуми објавија дека ова е најсилниот земјотрес што некогаш го погодил Мароко.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот