Фото: Икс / скриншот

ВИДЕО | „Сомнителна направа“ е фрлена пред домот на њујоршкиот градоначалник Мамдани

Антитерористичката единица на ФБИ истражува како две „сомнителни направи“ кои чаделе се фрлени вчера пред резиденцијата на градоначалникот Зохран Мамдани во Њујорк, јавуваат американските медиуми.

Пред куќата на Мамдани вчера се одржал протест организиран од крајно десничарска група, кој предизвикал многу поголем контрапротест на кој се собрале повеќе од 100 луѓе. Во еден момент, дошло до судир меѓу двете групи, кога еден од демонстрантите ја извадил направата врзана со селотејп, која е можно да била импровизирана бомба. Моментот кога ова се случило е снимен:

Уште една слична направа завршила под нозете на полицајците кои ги обезбедувале демонстрациите.

Комесарката на њујоршката полиција Џесика Тиш изјави дека околу 20 луѓе го организирале протестот пред резиденцијата на Мамдани, предводени од „крајно десничарскиот провокатор“ Џејк Ленг. Вкупно шестмина демонстранти од двете страни се уапсени.

Мамдани за нападот врз синагогата: Антисемитизмот нема место во Њујорк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот