Зохран Мамдани / Фото: EPA/VINCENT ALBAN / THE NEW YORK TIMES / POOL

Мамдани за нападот врз синагогата: Антисемитизмот нема место во Њујорк

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, и гувернерката на државата Њујорк, Кети Хочул, денес го осудија нападот врз синагогата, односно седиштето на еврејското хасидиско движење „Хабад Лубавич“ во Бруклин, во чиј влез синоќа еден човек намерно се забил со својот автомобил двапати.

Во објава на социјалните мрежи, Мамдани рече дека е „му олеснило што никој не е повреден во овој ужасен инцидент“, објави Си-би-ес Њуз.

„Ова е длабоко алармантно, особено со оглед на длабокото значење и историја на оваа институција за многумина во Њујорк и низ целиот свет. Секоја закана за еврејска институција или место за богослужба мора да се сфати сериозно. Антисемитизмот нема место во нашиот град, а насилството или заплашувањето на еврејските жители на Њујорк се неприфатливи“, рече Мамдани.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, во објава на Платформа X изјави дека „нападот врз еврејската заедница е напад врз сите жители на Њујорк“.

„Мојот тим е во координација со њујоршката полиција и понуди секаква помош што можеме да ја обезбедиме во нивната истрага“, рече Хочул.

Њујоршката полиција денес објави дека еден маж синоќа двапати со автомобил влегол во седиштето на еврејското хасидско движење „Хабад Лубавич“ во Бруклин и дека никој не е повреден во инцидентот, кој се истражува како можен злостор од омраза.

Комесарот на полицијата во Њујорк, Џесика Тиш, на прес-конференција изјави дека инцидентот се случил кратко пред 21 часот по локално време, кога полицајците распоредени пред седиштето на „Хабад“ виделе возач кој удрил во задната врата од зградата, се движел со возилото наназад, а потоа повторно ја удрил истата врата.

Таа изјави дека возачот е уапсен и дека, како превентивна мерка, полицијата во Њујорк ќе ја зголеми безбедноста околу еврејските верски објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот