Фото: Принтскрин Твитер

ВИДЕО | Соборен светскиот рекорд во решавање на Рубиковата коцка, победник е момче со аутизам

Макс Парк (21) од Калифорнија, веќе држи неколку Гинисови рекорди, а сега го собори светскиот рекорд за решавање на Рубикова коцка за 0,34 секунди побрзо од претходниот рекорд.

Парк е еден од најпознатите „speedcubers“ (професионалец во брзо сложување на Рубиковата коцка) на планетата, а во понеделникот постави нов светски рекорд – ја намести коцката за само 3,13 секунди.


Момчето, кому како дете му бил дијагностициран аутизам, постави нов светски рекорд во таканаречениот натпревар за решавање проблеми 3x3x3, според Светската асоцијација за коцкање.

 


Макс веќе има неколку Гинисови светски рекорди со различни големини на коцки и има најбрзо просечно време за сложување на Рубикова коцка со само една рака. Тој е еден од актерите на документарниот филм на „Netflix“ „Speed ​​​​Cubers“, за решавање на Рубиковата коцка.

Парк го сподели видеото на Твитер, со натпис: „Светскиот рекорд на Рубикова коцка 3×3 (3,13) собори рекорд стар 4 и пол години (3,47).

 


Видеото е прегледано повеќе од два милиони пати, а луѓето се восхитуваа на неговата вештина и достигнување.

„Највозбудливите 3.134 секунди од мојот ден“, напиша еден твитерџија.

Се појавија искрени реакции и од другите.

„Не би можел да решам Рубикова коцка за 3,14 часа“, се пошегува трет.

Според Гинисовата книга на рекорди, на Парк му бил дијагностициран аутизам на двегодишна возраст, а неговите родители ја поддржале неговата страст за решавање на коцката.

„Се покажа како добра терапија за Макс да се дружи и да ги зајакне своите вештини“, рекле во една прилика.

Инаку, светскиот рекорд од 2018 година го држеше Кинезот Јушенг Ду со споменатите 3,47 секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот