ВИДЕО | Со Калина Малеска во високата зона на литературата

Калина Малеска / Утрински брифинг
Калина Малеска / Утрински брифинг

„Скопје во високата зона“ е насловена четвртата збирка раскази на Калина Малеска, за која што вели дека ја пишувала во изминатите четири – пет години и се поделени во четири циклуси и се случуваат во блиска иднина, или во минатото и сите се поврзани со Скопје.
Еден од елементите што ги карактеризираат овие раскази е хуморот.

Се обидувам низ самокритичност и самоиронија да внесам и критика , но низ хумор. Обично сакам да ја потенцирам самоиронијата и затоа во книгата повеќето раскажувачки имаат некакви илузии во однос на реалноста, бидејќи не сакам кога критиката е насочена само кон другите, ако е исклучиво кон другите ми се чини дека немаме секогаш претстава за своето место во светот, колку сме важни или неважни итн. И затоа обично критиката е насочена кон самиот раскажувач, има тука и самоиронија и самопародија.
Еден од најличните раскази е „Предизвикот полумаратон 2017“, и во сите други има лични елементи, но во нив градам приказна со некои експериментални наративни техники, но овој расказ конкретно е најавтобиографскиот и речиси нема ништо измислено, во тој расказ е напишано токму онака како што се одвиваше, додека трчав ми доаѓаа на ум некои проблеми со кој постојано се соочуваме со градот или и некои што директно не се поврзани со градот, тоа може да се лични дилеми, некои нејасности што си ги расчистувам додека трчам низ скопските улици“, вели за Утрински брифинг, писателката Калина Малеска.

Инаку, таа е и преведувачка, книжевна теоретичарка и професорка. Таа е авторка на четири збирки раскази: Недоразбирања (Македонска книга, 1998), Именување на инсектот (Слово, 2008), „Мојот непријател Итар Пејо“ (Или-Или, 2016) и актуелната „Скопје во високата зона“ ( повторно за истиот издавач Или-Или 2021). Тука се и романите „Бруно и боите“ (Слово, 2006) и „Призраци со срмени нишки“ (Слово, 2014), драмата „Случка меѓу настани: Хипатија од Александрија“ (Слово, 2010), книгата за деца „Арно ама“ (Или-Или, 2018) и книжевната студија „Облици на моќ во современата книжевност“ (Или-Или, 2020).

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот