ВИДЕО | Снуп Дог одбил 100 милиони долари од „Онлифенс“ поради сопругата: Нема такви пари на светот за да ја покажам „онаа работа“

снуп дог
Снуп Дог / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Раперот Снуп Дог откри дека одбил профитабилен договор со „Онлифенс“ бидејќи не сакал да ја налути својата сопруга, пишува „Дејли мејл“.

Тој му откри на актерот Слинк Џонсон во емисијата „Wake & Bake“ на Инстаграм дека се смета за добар кандидат откако другите корисници нашле успех на платформата.

 

– Ми пријдоа кога една од тие девојки заработи околу 20 милиони долари таму. Тие ми рекоа: „Онлифенс сака да дојдеш таму, Снуп. Можеш да заработиш околу 100 милиони долари. Се што треба да направиш е да ја извадиш таа работа“ – изјавил Снуп.

Раперот додаде дека морал да одбие бидејќи има „црна сопруга“.

– Нема шанси да ме пушти да излезам таму и да го извадам „тоа“ за никакви пари – рече Снуп Дог, мислејќи на неговата сопруга Шанте Бродус.

Не е јасно кои се точните услови на потенцијалниот договор, но ангажирањето на Снуп Дог не би било изненадувачки потег за социјалната платформа. Всушност, рап уметниците како Иги Азалеа и Тајга имаат сметки на „Онлифенс“. Бизнисот цвета и за „Онлифенс“, кои забележаа раст на бруто плаќањата на корисниците за 17 отсто, од 4,8 милијарди долари во 2021 година на 5,6 милијарди долари во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот