ВИДЕО: Сиљановска – Давкова го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, нарекувајќи го Ди Џеј Венс
Претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова на денешниот Самит на НАТО во Хаг ги помеша државниот секретар на САД Марко Рубио со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Дополнително, во изјавата за македонските медиуми кои го покриваат настанот, претседателката наместо Џеј Ди Венс го нарече американскиот потпретседател Ди Џеј Венс.
Препорачано
Во изјавата која ја пренесува медиумот 4news.mk, Сиљановска-Давкова вели дека со претседателот Трамп бил и „потпретседателот Ди Џеј Венс“. Дополнително, таа рече дека потпретседателот на САД се познава со министерот Муцунски, а најави дека е можно Венс да ја посети Македонија. Всушност, министерот Муцунски имаше средба со Марко Рубио на 29 мај во Вашингтон.
„Јас му кажав дека сум македонска претседателка, и тој имаше интересна реакција, зборувам за говорот на телото. Му реков дека е најважно да се сочува мирот“, изјави претседателката.


