ВИДЕО: Швајцарски скијач падна на глава при брзина од 145 км/час!

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Натпреварувач од Швајцарија доживеа силен пад на главата во текот на спустот во австрискиот Кицбил.

Како што може да се види на снимката, Урс Криенбил изгуби рамнотежа при влегувањето во финишот и падна директно на главата со брзина од 145 километри на час.

Тој остана да лежи на патеката, трката беше прекината, а по укажаната лекарска помош, скијачот беше пренесен во болница со хеликоптер.

Според првите информации, скијачот не бил во состојба да зборува, но подоцна се освестил и ги препознал луѓето околу него, пренесуваат странските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот