ВИДЕО: Што се случува со Аталанта, не може ни против Верона

Аталанта изминатите неколку години беше страв и трепет за секој противник во Италија и Европа, но сезонава не ги покажува истите перформанси.
Во италијанската Серија А екипата од Бергамо изненадувачки го претрпе и третиот пораз во низа, вкупно деветти. После поразите од Наполи и Сасуоло, сега играчите на тренерот Гасперини разочараа против Верона (1:2).
Пред крајот на првото полувреме гостите стекнаа предност со голот на Чекерини после асистенцијата на Симеоне (45+2`).
Позитивата беше зголемата со автоголот на Копмејнерс во 55 минута, а домаќините го реализираа единствениот погоодк во 82 минута преку Скалвини, асистент беше Запакоста.
Аталанта е на осмата позиција со 51 бод, три повеќе од деветтопласираната Верона. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Наполи денеска одиграа нерешено со Рома на стадионот „Диего Армандо Марадона“.