ВИДЕО: Шпанија е новиот светски шампион во ватерполо

Трета светска титула за ватерполо репрезентацијата на Шпанија/Будимпешта, Унгарија/3 јули 2022/Фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

Шпанската ватерполо репрезентација ја совлада Италија во финалето на Светското првенство кое се организираше во Унгарија по подоброто издание на пеналите 15:14 (9:9 по регуларниот дел од натпреварот).

Шпанците подобро го отворија мечот, поведоа преку Алберто Мунаризо и Алваро Гранада, но Италијанците брзо ги стигнаа, па по првата четвртина беше 3:3.

Црвената „фурија“ беше одлична во нападот во вториот дел од дуелот, но потоа Италијанците немаа одговор во базенот.

На почетокот на вториот дел селекторот на „аѕурите“ Алесандро Кампања ги смени голманите и наместо Марко Де Лунго му даде шанса на Џанмарко Никозија кој се истакна со одбрани се снајде во одбраната, а Италијанците тоа го искористија во нападот за да им се доближат на Шпанците.

Во последните две минути од натпреварот се влезе со егал резучтат, а бидејќи одбраните беа на висина на задачата, петерците мораа да ги раздвојат двете селекции.

Во нив подобро се снајдоа Шпанците и на крајот го освоија златниот медал. Ова им е трета светска титула, претходните две ги освоија во 1998 и 2001 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот