ВИДЕО | Шон Пен ќе глуми во украински филм за руската окупација: „Сите приказни се реални“

Фото: Profimedia/ Sean Penn

Оскаровецот и активист Шон Пен потпиша договор за улога во украинскиот воен филм „War through the eyes of Animals“, со оригинален наслов „Війна очима тварин“, пишува „Холивуд репортер“.

Играниот филм е антологија во девет дела, во режија на девет украински режисери, кој ја следи приказната за војната во Украина низ перспективите на различни животни. Мирослав Слабошпицки, прославениот украински режисер, ќе го режира деветтиот и последен сегмент, во кој Шон Пен ќе игра американски звучен инженер кој случајно е сведок на избувнувањето на војната кога руските сили ја нападнале Украина на 24 февруари 2022 година.

Пен е голем активист за Украина од почетокот на војната, кој беше во Украина на снимањето на документарен филм за студиото „Вајс“ кога избувна војната. Филмот, кој тој го режираше заедно со Арон Кауфман, првично беше замислен како потсмешлив поглед на Влодимир Зеленски, актерот на комедии што стана претседател.

Меѓутоа, филмот всушност е приказ на неговото херојско воено лидерство, а кога беше премиерно прикажан на Берлинскиот филмски фестивал оваа година, Пен ја искористи можноста да ги повика западните влади да обезбедат поголема воена поддршка за Украина.

„Апсолутно сум среќен што сум дел од овој филм. Голема чест ми е да работам со неверојатен актер и извонредна личност и еден од најголемите пријатели на Украина, Шон Пен. Тој беше со нас за време на нападот на 24-ти февруари и со овој документарен филм ја истражува војната во Украина. Неговата поддршка е непроценлива за нас“, изјавил Слабошпицки.

Инаку, „War through the eyes of Animals“ е режиран од украинските компании „СОТА Синема груп“ и „Клеаос Арт“, а Олег Кохан и Олексиј Макухин се потпишани како продуценти на филмот, кој треба да излезе зимата 2023-2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот