ВИДЕО | Шок на Енфилд: Ришарлисон му донесе бод на Тотенхем во 90 минута
Фудбалерите на Ливерпул и Тотенхем денеска на стадионот „Енфилд“ ремизираа 1:1 (1:0) во дербито на 30 коло од Премиер лигата. Всушност, дербито беше само во имињата на клубовите, бидејќи табелата покажува дека Ливерпул, иако сè уште е актуелен шампион, се бори за место во Лигата на шампионите, а Тотенхем за опстанок.
Препорачано
Започна добро за навивачите на „Енфилд“, откако Доминик Шобошлај покажа во 18 минута дека е мајстор за слободни удари. Уште еднаш, го изведе тоа на феноменален начин и им донесе предност на „црвените“.
Но, Ливерпул повторно ја направи истата грешка како неколку пати оваа сезона – не го затворија натпреварот на време и беа казнети за тоа.
Поточно, во 90 минута, Робертсон направи грешка и му дозволи на Коло Муани да му ја одземе топката, а потоа го проигра Ришарлисон, кој ги постави конечните 1:1.
Всушност, Екитике имаше шанса во 96-тата минута да го врати водството и да му донесе триумф на Ливерпул, но беше блокиран. Екипата на Арне Слот сега има 49 бода на петтата позиција, додека лондонскиот тим со овој бод стигна до 30 бодови и сега е на 16 позиција на табелата.


