ВИДЕО: Серија експлозии во Тираспол, центарот на прорускa Транснистрија во Молдавија

Фото: Твитер

Серија експлозии денеска попладнево одекнаа во зградата на државната безбедност во Тираспол во Приднестровје, одметнатата проруска територија во Молдавија, јавуваат медиумите.

Неколку часа откако руското Министерство за одбрана денеска објави дека една од целите е „да се воспостави копнен контакт со Приднестровје“, руско ориентираниот, отцепен регион на Молдавија на границата со Украина, молдавските власти известија за експлозии во Тираспол, главниот град на непризнаената република, позната и како Транснистрија.

„Во зградата на Министерството за државна безбедност во Тираспол се случија серија експлозии. Во близина има неколку амбулантни возила и гасовод“, се наведува во извештајот, пренесе руската државна агенција ТАСС.

Претставници на Министерството за внатрешни работи напишаа на Телеграм дека непознати напаѓачи пукале во зградата од рачни ракетни фрлачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот