ВИДЕО | Сергеј се враќа, модниот гуру со ново шоу: Забавата почнува!
Популарниот стилист и моден гуру Сергеј по две години отсуство од македонската сцена, повторно се враќа пред публиката.
Препорачано
Тој пред неколку минути официјално гo потврди она за што со денови се шпекулира низ градот со објава на најавната шпица за неговиот најнов проект наречен „Sergej Reinvented“.
Според најавата овој новитет ексклузивно ќе биде објавен на 14 ти ноември во 19:00 часот на официјалната Youtube страница Sergej Reinvented.
Тизерот за оваа возбудлива нова содржина можете да ја прегледнете на овој линк:
За редакцијата на „Слободен печат“ Сергеј кратко изјави дека не сака да открива многу од новиот концепт, но е сигурен дека ќе понуди спој од едукација и забава.
На прашањето дали се задржува дел од концептот со кој беше актуелен и препознатлив пред некоја година на 1ТВ, тој во негов стил, низ смеа ни одговори:
„Па зарем би бил јас Сергеј без дел од таа содржина?“
Публиката со нетрпение ја очекува премиерата во недела, по што Сергеј ќе открие дел од она што може да следува во продолжение на неговото ново шоу.
А до тогаш – со среќа и успех Сергеј!
Погледнете го неговиот профил на Инстаграм.


