ВИДЕО: Сензација во Сремска Митровица, елиминиран Партизан од Купот на Србија

Партизан рано го заврши настапот во Купот на Србија/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Фудбалерите на Раднички од Сремска Митровица се пласираа во осминафиналето на Купот на Србија, кои го совладаа Партизан со вкупен резултат 3:1 (1:1) во 1/16 финалето по подоброто изведување пенали на домашен терен.

Голот за Партизан во регуларниот дел го постигна Фусени Дијабате во 18 минута, додека домашните израмнија преку Ѓорѓе Петровиќ во 92 минута.

Спасојевиќ и Петровиќ ги постигнаа головите од 11 метри за Раднички, а Ковачевиќ и Ристовиќ шутираа над голот.

Фудбалерите на Партизан не искористија ниту еден од своите четири пенали. Голманот на Раднички ги запре ударите на Гомеш и Андраде, Слободан Урошевиќ шутираше покрај голот, додека Марко Живковиќ ја погоди пречката.

Партизан редовно играше во финалето на српскиот Куп во последните осум години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот