ВИДЕО | Се појави снимка од убиството на хрватскиот криминалец Сабљо, му пукаа во грб во ноќен клуб

Фото: Фејсбук / принтскрин

Снимка од убиството на познатиот хрватски криминалец Томислав Сабљо (41) во ноќниот клуб „Риц“ во Загреб е објавена на социјалните мрежи.

Сабљо беше убиен во саботата рано наутро по расправија со обезбедувањето на клубот. Уапсени се двајца осомничени. Според полицијата, за убиството е осомничен Кристијан Кнего, шеф на обезбедувањето на клубот, а уапсен е и 26-годишниот Доријан Мраковиќ (26), загрепски полицаец под суспензија, кој му го дал пиштолот со кој е извршено убиството на обезбедувачот.

EKSKLUZIVNO: Snimka tučnjave u klubu Ritz koja je prethodila ubojstvu Tomislava Sablje
(Čitatelj Direktno.hr).

Posted by Darko Markušić Page on Wednesday, April 26, 2023

„Вчера чистевме цел ден, а и денес чистиме за сè да се стави во ред. Клучното место на злосторството се случило на шанкот, кој се наоѓа лево од влезот во главниот дел на клубот, во кој се влегува од фоајето. Сепарињата каде што беше Сабљо со своето друштво се на крајот од клубот спроти влезот. На неколку високи шанк-маси и столови сè уште се гледаат дамки од крв, раскажува жена која во моментот на убиството била во клубот, но во друга просторија.

Таа за „Слободна Далмација“ вели дека поради бучавата од силниот звучник не ги слушнала смртоносните истрели, кои биле испукани недалеку од шанкот.

Томислав Сабљо ѝ е стар познаник на полицијата, а пошироката јавност го знае како обвинет од специјалната единица Ускок и еден од протагонистите на акцијата „Тебра“. Инспекторите од Ускок поднесоа обвинение против Сабљо обвинувајќи го дека е шеф на криминална група која шверцувала 15,7 тони марихуана во Хрватска, како и дека организирал палење автомобили и подготвувал физички напади врз челниците на фудбалскиот клуб „Динамо“ и други луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот