Вемби/San Antonio Spurs

ВИДЕО | Сан Антонио ја прегази Минесота и израмни во серијата, дабл-дабл за Вемби

Сан Антонио се врати во игра во полуфиналната серија од Западната конференција, откако убедливо ја декласираше Минесота со 133-95 и израмни на 1-1.

Кошаркарите од Тексас уште од самиот старт покажаа дека немаат намера да дозволат нов пораз на домашен терен. По израмнетиот почеток, Спарс целосно ја презедоа контролата и веќе во втората четвртина создадоа двоцифрена предност од 20 поени.

Доминацијата продолжи и по паузата, а Минесота немаше одговор за разиграниот домаќин. Разликата во еден момент достигна и огромни +47 (124-77), по што завршницата се претвори во рутинско одработување на задачата.

Најефикасен кај Сан Антонио беше Стефон Касл со 21 поен, додека Виктор Вембанјама оствари дабл-дабл ефект од 19 поени и 15 скока. Кај Минесота, Ентони Едвардс, Џејден Мекдениелс, Џулиус Рендл и Теренс Шенон Џуниор постигнаа по 12 поени.

Во Источната конференција, Њујорк го искористи домашниот терен и со победата од 108-102 против Филаделфија поведе со 2-0 во серијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот