ВИДЕО: Сакале да прошверцуваат 1150 боци со фреон опасни за околината, цариници спречија влез над 13,5 тони фреон на ГП „Богородица“

Фото: Царинска управа

На граничниот премин „Богородица“, цариници спречија нелегелно внесување на штетен фреон.

Во товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од лицето Д.Г. се откриени боците со фреон.

При контролата било откриено дека станува збор за неколку типа на фреон, чија вкупна тежина изнесувала над 13,5 тони.

„Царински службеници на граничниот премин Богородица спречија недозволено внесување над 13,5 тони фреон во 1150 боци за еднократна употреба, што се штетни за здравјето на луѓето и животната средина.Боците се откриени на влез во државата во товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од лицето Д.Г.Против лицата се поднесени кривични пријави до ОЈО за кривично дело Недозволена трговија“, е наведено во соопштението на Царинската управа објавено на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот