Слон нападна туристи на сафари во Шри Ланка/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Руски туристи доживеаја шок на сафари во Шри Ланка, ги нападна слон

Туристи во Шри Ланка засекогаш ќе го запаметат одморот во Шри Ланка откако преживеаја невиден страв при напад од слон кој го уништи нивното возило. Нападот се случил  откако еден од нив се обиде да му „понуди храна“, пренесува Дејли мејл.

Инцидентот, во кој учествуваа руски туристи – вклучувајќи и 11-годишно момче – кои успеаја да избегаат, се случи на сафари за диви животни.

Како што се гледа на видеото, слонот од три тони прво го тресел белото комби со туристите, пред да ја искористи сурлата за да ја „откорне“ вратата во потрага по овошјето што Русите го имале со себе.

„Речиси ги загубивме животите. Возевме кон слон, див слон. Никогаш нема да го заборавиме ова патување во Шри Ланка. Само неколку минути претходно снимав видео, без ни најмала идеја дека еден сладок момент ќе се претвори во таков хаос. Сега имам уште една фобија да ја додадам во мојата колекција“, рече Лилија Михајловскаја од Казан, која беше на сафари со својот 42-годишен сопруг и синот.

„Беше толку страшно, детето се замрзна. Фала му на Бога, сè помина добро, но сите сме во шок“, додаде руската туристка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот