ВИДЕО | Руски комичар заврши во затвор поради шега за ветеран
Рускиот стендап комичар Артемиј Останин е осуден на пет години и девет месеци затвор поради поттикнување омраза, откако во свој настап се пошегувал за воен ветеран кој ги загубил нозете. Судот му изрече и парична казна од 300.000 рубљи.
Препорачано
Како што пренесува Ројтерс, шегата предизвикала жестоки реакции кај националистите и провоените блогери, по што комичарот бил пријавен кај властите. Судскиот процес е дел од пошироката кампања на руските власти за строги казни против оние што, според нив, ја навредуваат армијата.
Стендап-комика Артемия Останина приговорили к почти 6 годам колонии за шутки.
Его задержали в марте 2025 года в Беларуси, а затем передали в РФ. При задержании беларуские силовики избили Останина и сломали ему позвоночник.https://t.co/GuZGLUVeRJ pic.twitter.com/oP977Cb2kt
— Важные истории (@istories_media) February 4, 2026
Останин беше прогласен за виновен и за повреда на верските чувства поради друга шега поврзана со Исус, што предизвикала негодување кај православните верници. Иако им се извинил на сите чии чувства ги навредил, тој ги негираше обвиненијата и изјави дека во шегата за ветеранот воопшто не ја спомнал војната во Украина.
За време на судењето, Останин рече дека апсењето и начинот на кој бил третиран веќе претставуваат доволна казна. Сепак, судот оцени дека неговите настапи претставуваат „груби и лажни клевети“ против руската војска.
По почетокот на војната, Русија во 2022 година воведе сеопфатни закони за цензура, со кои драстично се ограничени јавните критики и сатирата поврзана со армијата и воените операции.


