ВИДЕО | Руски инфлуенсер го шокираше светот: Ја врзал својата девојка на покривот на автомобилот и возел низ Москва

Фото: Принтскрин/Instagram/ sergey_kosenko

Јавноста веќе е свесна за фактот дека Јутјуберите и сите други инфлуенсери прават многу бизарни или некултурни работи со цел да го привлечат вниманието на јавноста, сепак, најновиот потег на рускиот инфлуенсер Сергеј Косенко надмина сè.

Имено, инфлуенсерот ги запрепастил возачите кога излегол на улица во својот автомобил Бентли, на чиј покрив ја врзал својата девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergey Kosenko (@sergey_kosenko)

Русинот Сергеј Косенко, исто така, ја врзал својата рака за девојката која локалните медиуми ја идентификуваа како Илона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergey Kosenko (@sergey_kosenko)

Косенко возел низ Москва со својот луксузен автомобил, се со цел да го исполни последниот во серијата таканаречени „тестови за доверба“ што парот ги снима и ги објавува на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergey Kosenko (@sergey_kosenko)

Тој подоцна го сподели видеото со своите пет милиони следбеници на социјалните мрежи. Меѓутоа, иако неговата партнерка успеала да остане фиксирана на автомобилот, дошло до судир со друг автомобил. Полицијата го казнила со 750 рубли, што е еднакво на околу 5 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот