ВИДЕО: Руска ракета погоди станбени згради во Днипро – загина двегодишно девојче, 20 луѓе се ранети

Фото: Твитер

Двегодишно девојче е убиено во синоќешниот руски ракетен напад врз украинскиот град Днипро, во кој се погодени станбени згради. Телото на девојчето било откриено под урнатините.

23-ца луѓе се ранети во нападот со ракета „искандер“, објави на Телеграм шефот на регионалната воена управа на Дњепропетровск Сергеј Лисак.

Двете згради меѓу кои паднала ракетата се речиси целосно уништени. Оштетени се и десетина куќи, возила, продавници, како и локалниот гасовод.

На снимка што ја сподели претседателот Володимир Зеленски покажува како спасувачите ги пребаруваат остатоците од двокатната зграда.

Зеленски ја опиша експлозијата во Днепар како намерен руски напад, иако Русија претходно негираше дека целела цивили за време на нејзината инвазија на соседната земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот