Maнчестер Јунајтед - Тотенхем/19 Октомври 2022/фото: EPA-EFE/Andrew Yates

ВИДЕО | Роналдо предвреме ја напушти клупата, Тен Хаг денес ќе ја решава ситуацијата

Maнчестер Јунајтед вчера славеше победа во дербито против Тотенхем од 2:0, меѓутоа победата на „Олд Трафорд“ како да остана во сенка на она што го направи Кристијано Роналдо во самиот финиш од натпреварот.

Роналдо сезонава шанса на најголем дел од натпреварите добива од клупата за резерви, а против Тотенхем Тен Хаг не му даде минутажа. Очигледно тоа воопшто не му се допадна на Португалецот кој се до вчера не покажуваше незадоволство од ситуацијата во која се наоѓа. Роналдо натпреварот го напушти во 89. минута, откако претходно во игра влегоа Еланга и Ериксен.

 

 

Очекувано на прес-конференцијата Тен Хаг доби прашање од новинарите на оваа тема, но Холанѓанецот не сакаше премногу да зборува и даде политички одговор.

„Видов, но не разговаравме за тоа. Утре (денес) ќе разговараме. Сега сакаме да ја прославиме победата, не да зборувам за тоа. Сакам да го задржиме фокусот на одличниот настап на сите 11 играчи и резервите. Денес одигравме одлично тимски и тимски победивме“, изјави Тен Хаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот