ВИДЕО: Роднина успеал да спаси свој близок од пожарот во Тетово

Ука Алити, командир на противпожарнара служба во Тетово / Фото: Слободен печат
Командирот на противпожарната служба во Тетово, Ука Алити, денеска во изјава за Слободен печат раскажа за страшната несреќа во која 14 пациенти од модуларната болница го загубија животот.
Веднаш штом го добивме повикот сите пожарникари, вкупно 16, со три возила, се упативме на местото на пожарот. Почнавме да спасуваме пациенти, но за жал вадевме и мртви тела. Некои од нив беа многу изгорени, што беше тешко да се препознаат. Морам да кажам дека многу ни помогнаа докторите и медицинските сестри кои го ризикуваа сопствениот живот, само за да се спасат што повеќе луѓе, рече Алити.

Тој нагласи дека во спасувањето учествувале и граѓани, а не ја исклучи можноста тие да биле блиски роднини на пациентите. Алити не ја потврди информација на „Слободен печат“ дека еден од очевидците на страшната трагедија успеал во огромниот пламен да спаси свој роднина, но не ја исклучува можноста да имало таков случај.

ВИДЕО | Советот на Општина Тетово прогласи тридневна жалост

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот