ВИДЕО: Ристовска и Петковска во топ 5 на колото во третото коло на Европското првенство

Фото: РФМ

Maкедонската ракометна репрезентација вчера претрпе пораз од Унгарија во рамките од третото коло на Европското првенство со 29-19. Македонија одигра одлично прво полувреме во кое беше рамноправен противник, но потоа во вториот дел нашата игра се распадна.

Сепак и покрај поразот нашата голманка Драгана Петковски и најдобрата ракометарка во репрезентацијата, Сара Ристовска се најдоа во топ 5 во изборот на ЕХФ. Петковска собра осум одбрани и една од нив се најде на петтата листа на ЕХФ во изборот на најатрактивни во колото.

Голот на Ристовска пак која натпреварот го заврши со шест погодоци е избран за втор најубав.

Најдобрите македонски ракометарки со пораз го завршија настапот на ЕП 2024

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот