Жоао Педро/Chelsea Football Club

ВИДЕО: Рексам беше на чекор од сензација, Челси се радуваше дури по продолженија

Екипата на Челси со многу мака успеа да обезбеди место во четвртфиналето од ФА Куп, откако дури по продолженија го совлада Рексам со 4:2 во натпревар кој можеше да донесе сензација од „холивудски“ размери.

Клубот од Велс, чиј сопственици се познатите актери Рајан Рејнолдс и Роб Мекеленни, одигра храбро и долго време беше на чекор до големо изненадување. Двајцата холивудски ѕвезди од трибините го следеа натпреварот и видоа одлична борба од својот тим, иако на крајот следеше елиминација.

Рексам прв дојде до предност кога Смит погоди во 18. минута, но пред паузата гостите се вратија во игра благодарение на автоголот на голманот Оконво, кој ненамерно ја затресе сопствената мрежа.

Во второто полувреме следуваше нов шок за лондонскиот состав. Во 78. минута Дојел повторно го донесе Рексам во водство, но радоста траеше кратко, само четири минути подоцна Ачемпонг израмни на 2:2 и го однесе натпреварот во дополнителни 30 минути.

Ситуацијата дополнително се искомплицира за домашниот тим кога Добсон доби црвен картон во финишот од регуларниот дел, па Рексам мораше да се брани со играч помалку.

Тоа го искористија „сините“, кои во шестата минута од продолжението преку Алехандро Гарначо стигнаа до пресврт и водство од 3:2. Рексам накратко се израдува на израмнување кога Брунт ја погоди мрежата, но ВАР сигнализираше офсајд и погодокот беше поништен.

Конечниот резултат го постави Жоао Педро во 124. минута, потврдувајќи го пласманот на Челси меѓу осумте најдобри во натпреварувањето.

Во останатите два натпревари денеска пласман во следната фаза обедија Арсенал кој беше подобар од Мансфилд (2-1) и Манчестер сити кој го доби Њукасл (3-1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот