ВИДЕО: „Ред Бул“ го промовираше болидот за новата Ф1 сезона!

epa08700966 Thai Formula One driver Alexander Albon of Aston Martin Red Bull Racing in action during the Formula One Grand Prix of Russia at the race track in Sochi, Russia, 27 September 2020. EPA-EFE/Pavel Golovkin / Pool

Четирикратниот Формула 1 шампион во периодот од 2010-2013 година, денеска „Ред Бул“ ги објави првите слики од новиот болид „РБ16Б“ кој ќе го користи во 2021 година.

Макс Ферстапен и годинава ќе биде главна закана за Луис Хамилтон во борбата за титулата, а нов возач е Серхио Перес.

Новиот болид на Ред Бул го носи името „RB16B“ бидејќи тој всушност е модифициран RB16 што овој тим го користеше во 2020 година. Како што вели шефот на тимот, Кристијан Хорнер, „RB16B“ има дури 60 проценти од деловите кои се исти како и неговиот претходник. Целта на Ред Бул е да го направи новиот болид поконстантен во текот на сезоната на различни патеки.

– Не би рекол дека проблемите минатата година беа само во аеродинамиката. Тие работи секогаш одат заедно. Но, мислам дека постигнавме добар напредок во 2020 година и ќе видиме дали RB16B ќе може да одговори на предизвиците за промена на правилата, кои очигледно се исти за сите тимови – рече Хорнер.

Тој исто така се надева дека со добрите лекции што ги научија минатата година, ќе можеме да го применат тоа на новиот подобрен болид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот