ВИДЕО: Реал сигурен против Осасуна, Жирона го губи чекорот за титулата во „Ла Лига“

фото: EPA-EFE/Jesus Diges

Во 29 коло од најсилното шпанско првенство фудбалерите на Реал Мадрид ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај Осасуна со резултат 4:2.

Во четвртата минута поведоа „кралевите“ на Винисиус Жуниор, само 180 секунди подоцна израмнија домаќините со голот на Будимир.

Реал повторно беше во позитива од 18 минута со голот на Карвахал по асистенцијата на Валверде.

Дијаз се погрижи за 3:1 во 61 минута, а 180 секунди подоцна Винисиус Жуниор се запиша и по втор пат во листата на стрелците. Во самиот финиш од средбата Осасуна успеа само да го намали поразот преку Муноз (90+1`).

Потоа од „Колисеум“ дојдоа добри вести за играчите на Карло Анчелоти бидејќи Жирона загуби минимално кај Хетафе со 1:0.

А тоа значи дека сега Реал има „плус 10“ бодови предност во однос на второпласираната Жирона и е многу блиску до освојување на титулата во „Ла Лига“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот