Земјотрес во Индонезија / Фото: EPA/BASARNAS / HANDOUT BEST QUALITY AVAILABLEHANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

ВИДЕО | Разорен земјотрес во Индонезија – издадено е предупредување за цунами, има и жртви

Силен земјотрес со интензитет од 7,4 степени утрово го погоди северниот дел од Молучкото Море покрај брегот на Индонезија, по што е издадено и предупредување за цунами, објави Американскиот геолошки завод (USGS).

Според достапните информации, една жена загинала, иако се стравува дека може да има повеќе жртви со оглед на материјалната штета што е предизвикана од потресот.

Индонезиските власти издадоа предупредувања за цунами за делови од провинциите Северен Малуку и Северен Сулавеси, додека локалните власти во градовите како Тернате и Тидор ги повикаа жителите да бидат подготвени за евакуација.

Според американскиот систем за предупредување од цунами, можни се опасни бранови во радиус од 1.000 километри од епицентарот, по должината на бреговите на Индонезија, Филипините и Малезија.

Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами објави дека брановите помеѓу 0,3 и еден метар надморска височина би можеле да погодат некои крајбрежни области на Индонезија.

Пониски бранови се можни и по должината на бреговите на други земји во регионот, вклучувајќи ја и Јапонија, каде што се очекуваат бранови до 0,2 метри без значителни последици.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 120 километри од градот Тернате во покраината Северен Малуку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот