ВИДЕО: Ракета „Искандер“ погоди турски брод во Одеса, ескалира кризата во Црното Море
Турски ферибот бил погоден со ракетен напад додека бил закотвен во украинското пристаниште Одеса во петокот, што претставува најнов напад врз комерцијалното поморство во Црното Море, во услови на сè подлабока безбедносна криза во регионот, објави „Туркије тудеј“.
Препорачано
Станува збор за патнички и карго брод кој плови под панамско знаме и е во сопственост на турската компанија „Ценк Ро-Ро“. Бродот бил погоден од ракета од типот „Искандер“, како што соопшти компанијата, додека бил врзан на пристанишниот терминал. Фериботот сообраќа на редовни линии меѓу Турција и Украина, превезувајќи патници и стока преку Црното Море.
Прелиминарните информации потврдуваат дека бродот се наоѓал во пристаништето во моментот на нападот. Надлежните органи започнале истрага за инцидентот, но во првичните извештаи не се наведуваат податоци за евентуални жртви или за обемот на материјалната штета.
A Turkish cargo ship is burning in the port of Odesa after reportedly being hit by Russian missiles. pic.twitter.com/e2eOIssqSt
— Clash Report (@clashreport) December 12, 2025
„Овие напади ги потврдуваат турските стравувања дека војната се шири“
Нападот се случува во период кога Турција, Бугарија и Романија воспоставија итни механизми за координација со цел заштита на пловидбата во Црното Море, по серијата напади врз трговски бродови во последните недели.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја опиша ситуацијата како сериозна ескалација и порача дека Анкара не може да ги прифати ваквите напади, нагласувајќи дека Турција, како земја што го контролира Босфорот, има клучна улога во обезбедувањето на безбедната пловидба во Црното Море, важна и за украинскиот извоз на жито и за руските нафтени пратки.
Ердоган: Нападите врз комерцијални бродови во Црното Море се неприфатливи
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на 3 декември предупреди дека ваквите напади го претвораат Црното Море во затворена зона за трговија и транспорт на луѓе. По состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, Фидан изјави дека последните напади ги потврдуваат турските стравувања дека војната меѓу Русија и Украина се шири надвор од непосредната зона на конфликтот.
– Нападите врз овие два брода што пловеа во ексклузивната економска зона на Турција не само што ја загрозуваат безбедноста на навигацијата во Црното Море, туку и го претвораат морето во област затворена за трговија и човечки транспорт – рече Фидан.
Трите земји формирале работна група во која учествуваат и нивните поморски сили, со цел координација за заштита на пловните патишта, енергетските цевководи, истражувачките операции и рибарството. Дел од задачите ќе биде и справувањето со поморските мини што од воената зона се движат кон крајбрежјата.
Закани од Москва, повици за деескалација
Рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на декември најави дека Москва ќе ги засили ударите врз украинските пристаништа и не ја исклучи можноста да бидат мета и бродови од земји што ја поддржуваат Украина, доколку продолжат нападите врз руските танкери.
Тој ги оцени дејствијата на украинските сили како „пиратство“ и предупреди дека Русија може да ги прошири нападите врз пристанишната инфраструктура и врз пловилата што пристигнуваат во украинските пристаништа, со цел, како што рече, целосно да ја отсече Украина од морскиот сообраќај.
Овие закани доаѓаат по серија напади врз бродови поврзани со Русија, меѓу кои и удари врз најмалку четири танкери во рок од неколку дена, вклучително и два празни брода под гамбијско знаме нападнати со дронови кон крајот на ноември.
1: Presumably today’s arrival by ship in the Odessa area.
Sorry Banderite shadow fleet, ports are closed. Illegal entry.
2: A blow to Ukraine’s “shadow energy sector”: a Turkish ship with AKSA company’s electric generators was hit by a missile in Odessa
A ballistic missile hit… pic.twitter.com/oSfIu4E4RS
— F̳̿͟͞l̳̿͟͞i̳̿͟͞c̳̿͟͞k̳̿͟͞ ™ (@Flick1_) December 12, 2025


