ВИДЕО: Рајо извлече реми, Димитриевски со мирна мрежа против Манчестер јунајтед

Столе Димитриевски, голманот на Рајо Ваљекано/фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Кристијано Роналдо се врати во тимот на Манчестер јунајтед после неколку недели отсуство и веднаш се најде во стартниот состав.

„Црвените ѓаволи“ одиграа реми 1:1 против Рајо Ваљекано во пријателски натпревар на стадионот „Олд Трафорд“.

Целото прво полувреме, кое заврши без голови 0:0, за Рајо го одигра македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски кој имаше неколку значајни интервенции.

По паузата на стартот од вториот дел нашиот чувар на мрежата беше заменет од Диего Лопез. Само 120 секунди подоцна Јунајтед стекна предност, Лопез за момент одбрани, одбиената топка дојде до Диало кој од непосредна близика стрелаше во мрежата.

Играчите на Ерик тен Хаг не ја задржаа долго позитивата бидејќи шпанскиот претставник израмни 10 минути подоцна преку Алваро Гарсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот