ВИДЕО | Рабио донесе херој на Милан пред дербито со Јувентус во Серија А
Фудбалерите на Милан запишаа тесна, но исклучително значајна победа на гостувањето кај Верона (0-1) во рамки на 33. коло од Серија А, со што повторно се искачија на втората позиција на табелата.
Препорачано
Одлучувачкиот момент се случи во 41. минута, кога Адриен Рабио ја искористи асистенцијата од Рафаел Леао и го постигна единствениот погодок на натпреварот. „Росонерите“ имаа иницијатива и создадоа уште неколку изгледни шанси, но не успеаја да ја зголемат предноста.
И покрај тоа, трите бода од ова гостување се од голема важност во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Милан сега има 66 бодови, колку и Наполи, а во наредното коло го очекува дерби пресметка против Јувентус.
Од друга страна, Верона продолжува да се соочува со сериозни проблеми – тимот е закован на дното на табелата, а во следното коло ќе се обиде да изненади против Лече пред своите навивачи.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
7час
-
8час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


