Лежалки/ плажа - Фото: pexels-maria-sablina

ВИДЕО | Прв ред покрај море чини колку вечера — цените за лежалки на Халкидики ги изненадија раните туристи

Летувањето во Грција оваа година за многумина подразбира и внимателно планирање на трошоците, а многумина за одмор ќе го одберат Халкидики. Меѓу информациите што најмногу ги интересираат туристите секако се цените на лежалките на популарните плажи.

Според наводи од страницата „Никана“, во Грција, во Неа Флогита, пред првиот крак, цените за комплет лежалки во првиот ред покрај море достигнуваат околу 30 евра, додека за вториот ред треба да се издвојат околу 20 евра за две лежалки. За тие што се наоѓаат подалеку од брегот, вообичаено не се плаќа и доволна е консумација на пијалак, пишува „Б92“.

Неа Флогита е едно од попопуларните летувалишта на Халкидики, познато по долгата песочна плажа, плиткото море погодно за семејства со деца и големиот број таверни, кафулиња и барови покрај самото море.

Слична ситуација е и во Ханиоти, каде што на градската плажа цените на лежалките се движат од околу дваесет евра за сет во текот на мај и јуни, додека во шпицот на сезоната, во јули и август, достигнуваат и до 30 евра.

Ханиоти важи за едно од најуредените и најпосетените места на Касандра. Туристите го избираат поради шеталиштето полно со ресторани и продавници, уредената плажа и големиот избор на сместување.

Во текот на сезоната, ова место е особено популарно меѓу младите и семејствата, а многумина го користат и како база за обиколка на другите плажи на првиот крак на Халкидики.

Многу туристи на социјалните мрежи коментираат дека цените од година во година се сѐ повисоки, но истакнуваат и дека поединечни барови сè уште нудат можност за користење лежалки со нарачан пијалак или храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот