ВИДЕО | Проф. Шарламанов: Популистите не ги сметаат сите за „народ“ – за нив се „народ“ оние кои ги поддржуваат

проф. Кирил Шарламанов / Утрински брифинг
проф. Кирил Шарламанов / Утрински брифинг

Речиси две третини од популацијата во Македонија веруваат во теории на заговори, се за поцврста рака на владеење, опкажува поледната анкета на Социетас Цивитас.

-Првичните впечатоци ми се дека постојат претпоставки за равој на популизам. Но, тој тренд не е карактеристичен само кај нас туку и во Европа. Незадоволството повлекува потреба за поддржување на популизам кој подразбира авторитаризам. Тоа не е поврзано со идеологија, има лев и десен популизам. Но има разлика што е дискурзивен популизам – оди на ниво на приказна за да им се допадне на гласачите пред избори. Но, идеолошкиот популизам е посериозен, тука имаме идентификација на народот како кон колективен субјект кој е монополизран. Популистите не дозволуваат другите да му се обраќаат на народот. Тоа има елементи на укинување на либералноста во обраќањето. Популистите сакаат народот да  решава преку референдуми, вели за Утрински брифинг проф. Кирил Шарламанов, од Меѓународен балкански униврзитет.

Онаму каде што послабо функционира демократијата се појавува популизам. Онаму каде има константни поделби исто така се појавува популизам. Во 19 век тие се настанати поради класите. Денес не е така. Денес повеќе е важен конзумеризмот отколку класната поделба, коментира проф. Шарламанов.

-Во постиндустиското општество, денешната економија повеќе е ориентирана кон услуги, вели тој и додава дека идентитетот се гради виртуелно.

-Постои конфузија, многу аналитичари велат дека денес живееме во флуидно општество, немаме класични политички партии и класни поделби. Првите се повлекуваат, а вторите се или популистиили се приклонуваат кон зелените, вели проф. Шарламанов.

Класичните медиуми за да произведат информација треба да следат цела хиерархија, но денес социјалните мрежи овозможуваат секој да биде сам за себе медиум. Ова е предуслов за развој на теории на заговор.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот