ВИДЕО | Проф. Кадиевска Војновиќ: Се намалува реалната вредност на платите во јавниот сектор, не се усогласени ниту со минимална плата ниту со инфлација

Маја Кадиевска Војновиќ/Фото: Слободен печат

Министереството за финансии и Народната банка ја ревидираа проекцијата, имаме надолна корекција на растот на БДП. Сега двете институции кои треба да обезбедат некаква слика за економијата гравитираат околу три проценти. Така што оваа година е тешко ние како држава да забележиме раст. Она што е значајно, а мислам ќе влијае, е дека нема да имаме странски инвестиции. Имаме погубна политика кај странските инвестиции еден подолг временски период. Она се што влегува како странска инвестиција е всушност реинвестирана добивка или меѓу-компаниско задолжување меѓу постоечки капацитети, изјави за „Утрински брифинг” Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа и покрај растот на минималната плата и растот на просечната плата, досега нема усогласување на платите во јавниот сектор.

-И покрај тоа што владата се фали дека има номинален раст на платите и кажува дека единствена економска мерка и стигнале над 30.000 денари, но ако имаме намалување на реалната вредност на платите, и тоа во јавен сектор. Нема усогласување ниту со минималната плата, ниту со стапка на инфлација. И тука зборувам за одбрана, полиција, образование, комунални претпријатија, енергетски систем, таму нема усогласување на плата, изјави Кадиевска Војновиќ.

Таа истакна дека власта во континуитет има политика која е популистичка, бидејќи продуктивноста не го следи растот на плати.

-Ако нема продуктивност која ја нема во државата, значи дека тоа се пренесува на финалните цени. Тоа значи дека еден дел од инфлацијата е домашно создаден, заради подолг временски период каде растот на плати е усогласен со продуктивноста, а немаме ни приватна потрошувачка, изјави Кадиевска Војновиќ.

Кадиевска Војновиќ потенцираше дека оваа година тешко и дека ќе има раст на економијата бидејќи странски инвестиции нема, а домашните компании се тешко погодени од кризата и немаат ликвидност.

– Сметам дека оваа година тешко ќе забележиме раст во економијата. Ако ги гледаме проекциите, она што е значајно е инвестициската активност на компаниите, а ние не само што немаме странски инвестиции туку има и погубна политика подолг временски период. Домашниот приватен сектор нема потенцијал да инвестира, бидејќи беше погоден од зголемување на минимална плата, растот на суровини, енергенси. Она што загрижува дека од почетокот на годината до април има намалување на денарската ликвидност на компаниите во банките и тоа е уште еден сигнал, рече Кадиевска Војновиќ.

Дека нема да има раст на економијата, Кадиевска Војновиќ укажа на уште еден крупен индикатор, надворешната трговија, односно и извозот ќе биде погоден, а тоа што е клучно е личната потрошувачка на населението.

Целата анализа погледнете ја во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот