ВИДЕО | Проф. д-р Спасов: Државата ја води јазичната политика, лекторатите се мостови на пријателство не на разединување

Проф. д-р Људмил Спасов/Фото: Слободен печат

Спорот со Бугарија потекнува од крајот на 19-от век. Од моментот кога се одделува македонската национална мисла, во развивање на желбата на формирање на држава и стандарден македонски јазик. Тогаш се јавуваат отпори во бугарската средина, која во тоа време не е вистинска држава, како што е тоа сега, изјави во Утрински брифинг универзитетскиот професор, д-р Људмил Спасов.

Професорот додава дека сето ова се засилува по Втората светска војна, односно по обидот на Тито и Димитров за обединување на Пиринска Македонија со Вардарска Македонија. По пропаѓањето на тој обид, таа „Димитровска“ политика паѓа во вода.

-Еден од големите напади е 1977 година кога објавија памфлет дека не постои македонски јазик, додава проф. Спасов.

Тој се осврна на историјатот на лекторатите во поранешна Југославија кога ги имало многу повеќе, а денеска многу помалку од потребното:

-Ова што сега се случува со Бугарија како и признавањето на црквата како позитивен чекор и другите го наметнува прашањето на отворањето на лекторатите на пример во Германија. Таму имавме четири, сега немаме ниту еден. Се надевам дека тоа ќе се реши, проблемот е деликатен. Треба да се отвори лекторат во Турција, во Анкара зошто треба прво држава со држава да се комуницира, а после на нивно на универзитетот. Во државите на ЕУ имаме многу малку. Државата ја води јазичната политика, лекторатите се мостови на пријателство, а не на разединување, смета проф. Спасов.

За тоа како државата треба да се справи со негаторските ставови и притисоци од Бугарија, Спасов резимира:

-Со многу труд, со работа, со афирмација на својата наука и со личните контакти на професорите од различните универзитетите и тоа веќе постои, вели проф. Спасов.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот