ВИДЕО | Приведени три лица од Скопје, пронајдени насади од марихуана

Вчера околу 18 часот во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на реката Вардар, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(24), Р.К.(30) и И.Т.(26), тројцата од Скопје, поради сомнение дека одгледувале „канабис сатива”. На локацијата каде што биле затекнати, биле откриени околу 100 стебла-насади „канабис сатива”, дел засадени во земја, а дел во саксии.

Пронајдените стебла со други предмети биле подигнати за понатамошна постапка, а по насоки од Јавен обвинител лицата биле задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на нартотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот