ВИДЕО | Пригожин остро ги нападна руските власти објавувајќи снимка од тела на мртви „Вагнеровци“

Евгениј Пригожин/ Фото Tvolk / WillWest News / Profimedia

Шефот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин објави видео полно со пцовки во кое, како што пренесува „Си-Ен-Ен“, ги напаѓа руските службеници.

Пригожин стои до наводните тела на неговите платеници и го напаѓа Кремљ: „Овие момци овде се борци на Вагнер кои загинаа денес. Крвта е сè уште свежа. Снимајте ги сите!“

„Тоа се нечии татковци и нечии синови. А вие што не ни давате муниција ќе изгорите во пеколот! Седите во вашите луксузни клубови, вашите деца се зависни од правење видеа за YouTube. Мислите дека сте господари на овој живот? Мислите дека можете да располагате со нивните животи? Ако имате магацини полни со муниција, тогаш можете“, вели Пригожин во видеото.

Во видеото тој бара да му биде доставена муниција и ги кани рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов да ги погледнат телата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот