ВИДЕО | Прекрасна глетка: Снежна покривка на Пониква, Попова Шапка и во Маврово

Снег Маврово Попова Шапка Пониква
Фото: Скриншот, „Ski Macedonia“

Како што прогнозираше и Славчо Попоски, утрово на сите повисоки планини во земјава имаше врнежи од снег, каде се формираше и снежна покривка.

Според видеокамерите на „Ski Macedonia“, јасно се гледа формирана снежна покривка и на најпознатите скијачки центри во нашата земја.

Имено, утрово има снег на туристичкиот центар Пониква, зимско-рекреативниот центар Попова Шапка, но и во преубавото Маврово.

Друштвото за угостителство и туризам Попова Шапка информира дека, сепак, оваа снежна покривка не е доволна за почеток на скијачката сезона.

– Имаме прва посериозна снежна покривка, но сè уште е рано да се прогнозира кога ќе почне скијачката сезона. Во изминатиот период отстранет е дефектот кој минатата година беше на жичарницата Церипашина и таа ќе може да се користи оваа сезона. Така, на располагање ќе бидат сите ски лифтови и жичарници се сервисирани и ремонтирани. Скијачките патеки се обновени и поставена сигнализација како и нивно обележување. За скијачите се изградени и два бачила за одмор каде ќе има кафе, чај и сендвичи. Тие се на патеките Поток 1 и Поток 2 и на патеката Ге, информира Живко Алексовски, раководител на Друштвото за угостителство и туризам Попова Шапка.

Скијањето на Попова Шапка оваа година ќе биде поскапо.

– Ски карти имаат зголемени цени затоа што и има глобално зголемување на цените на голем број влезни продукти за нашите услуги. Воедно годинава ќе се наплаќа и за користење на новиот шестосед чија употреба лани беше промотивна и бесплатна, информира Алексовски.

Според најавите доколку има доволно снег, скијачите ќе имаат прилика да го користат сите четири ски лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница. Нивниот хотел Славија работи постојано, а другиот објект Попова Шапка ќе се активира со официјачниот почеток на ски-сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот