МЕТЕО на УБ: Временската прогноза вели дожд и снег

Дождливо време
Дождливо време / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Денес времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат особено во западните предели каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2 воден талог. На планините ќе има врнежи од снег, каде ќе се формира и снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Потоа за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец, а особено во западните предели ќе има и врнежи од дожд и истите во недела доцна попладне и навечер ќе се прошират на повеќе места. Температурите и тоа поради јужното воздушено струење ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.

Поголемо заладување на времето се очекува во почетокот од следната недела, кога освен на повисоките места и на планините, услови за провејување на снег ќе има и на некои места со помала надморска височина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот