ВИДЕО: Познатиот јутјубер од Тетово Боби Ристо стана муслиман

Јутјуберот Боби Ристо премина во ислам/Фото: Скриншот/YouTube

Боби Ристо – Bobby’s Perspective- е јутуб профилот на македонскиот популарен јутјубер со потекло од Тетово кој подоцна емигрирал во Германија.  Израснат со православни христијански религиозни верувања, во своите видеа не се плаши слободно да го искаже своето мислење. Тој претходно покажа дека го мрази исламот поради Албанците во Тетово. 

Неговата приказна започнува кога ги соочува своите пријатели муслимани со нивната идеја дека Куранот е книга на ѓаволот. Меѓутоа, кога го зема и го чита Куранот, сфаќа дека всушност бара заштита од ѓаволот.

Ова чудно искуство го поттикнува Боби да започне подлабоко проучување на исламот. Тој ги гледа реакциите на видеата на интернет и истражува цела година пред да одлучи да го прифати исламот и да ја напушти христијанската религија

После тоа, тој почнува да ги споделува своите искуства на YouTube и социјалните мрежи, станувајќи популарен Јутјубер за споделување идеи и искуства со својата публика. Покрај неговиот фокус на религијата и неговото преминување во ислам, тој често се занимава и со други теми поврзани со животот и основните вистини на човечкото битие.

Тој веќе неколку години патува низ светот и престојувал во цркви и манастири за да го најде Бога, но на крајот решил да го прифати исламот бидејќи, вели таму го нашол Бог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот