ВИДЕО |„Поволно на Миконос“: Како изгледа сместување без клима и тоалет, за 57 евра дневно

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Грција со години е на врвот на најпопуларните европски летни дестинации, благодарение на античките споменици, одличната храна и прекрасните острови со едни од најубавите плажи во светот.

Во оваа медитеранска земја, локалното население максимално ги користи сите придобивки од туризмот, па за туристите наоѓањето на прифатливо сместување е како добивка на лотарија.

Овогодинашните температури кои достигнаа над 40 степени Целзиусови, ги натераа туристите повторно да размислуваат за нивните грчки авантури.

Фото: Pexels/aleksandar pasaric

Туристичката агенција „Никана“ на својот Инстаграм профил објави видео кои за кратко време стана вирално, од сместување со поволни цени на Миконос, еден од најскапите грчки острови.

„Вака изгледа прифатливо сместување во Миконос. Без клима 57 евра дневно за двајца“, пишувало на видеото.

Во сместувањето има само два кревети, огледало и вентилатор, па многумина кои го погледнаа видеото, брзо се вклучија во дискусија.

„Нема клима, ама нема ниту тоалет и туш! Ужасно; Ова е класичен контејнер. Мобилен тоалет што се користи на паркинзите до автопатот… Тогаш подобро е да останете дома, да отидете до najблиската река или базен и за 52 евра да купите полн мини фрижидер пиво и сендвичи, и тоа сите четири по ред“, се дел од коментарите.

Следеле уште долга низа гневни реакции, а некои заклучиле дека затворските ќелии изгледаат похумано.

Погледнете го видеото во кое е прикажано сместувањето:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот