ВИДЕО: Португалски атлетичар како „Супермен“ помина низ целта

Летечкиот скок му помогна на Жоао Витор Оливеира да стигне до победата/Фото: EPA/ANTONIO LACERDA

Жоао Витор Оливеира со Абдел Ларинага водеше голема борба до крајот во трката на 110 метри со пречки, а кога се чинеше дека Ларинагa е блиску до победа, се случи пресврт на последниот метар.

Оливеира сфати дека нема друга опција, а силно ја посакуваше победата, па реши да се фрли без да размислува за последиците и евентуалните повреди.

Португалецот успеа во она што го науми, во стилот на „Супермен“ прв помина низ целта и го освои првото место.

Прегледаното видео од оваа трка е актуелно на социјалните мрежи и го погледнаа досега многу луѓе.

Според правилата ваков потег е дозволен, па Оливеира на крајот беше прогласен за победник на трката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот