ВИДЕО: Поранешните македонски селектори се сретнаа во Кипар, Мрме дебитираше со победа
Етникос од Ахна стигна до минимален триумф од 1-0 против Красава во меч од шестото коло во кипарското првенство, со што новиот стратег Игор Ангеловски го отвори својот мандат со победа. Натпреварот доби и дополнителна тежина со оглед дека на спротивната страна седеше уште едно познато македонско тренерско име, Чедомир Јаневски.
Препорачано
Двајцата поранешни селектори на македонската репрезентација имаа директен дуел, кој во првото полувреме не понуди многу возбудувања, но затоа вториот дел донесе вистинска драма. Етникос искористи една од своите шанси и со погодокот на Ломотеј во 77. минута го скрши отпорот на Красава. Ситуацијата за гостите дополнително се искомплицира кога Де Лукас доби црвен картон во 86. минута, оставајќи ги со играч помалку.
GOALLLLLL!!
Lomotey gives Ethnikos the lead!! pic.twitter.com/D1prfUjzI9
— THIS IS MAPPA: CYPRUS FOOTBALL PODCAST (@ThisIsMappa) October 5, 2025
По шест одиграни кола, Етникос се искачи на петтата позиција со 11 освоени бодови, додека Красава на Јаневски се наоѓа на осмото место со 7 бода. Ангеловски беше промовиран за нов тренер на тимот од Ахна само четири дена пред овој дуел, додека Јаневски ја презеде Красава на почетокот од сезоната.
Преземено од: Спорт.ком.мк


