Фото: Инстаграм/Нина Ангеловска

ВИДЕО | Поранешната министерка Нина Ангеловска е бремена: „Наскоро ќе започне нашето ново поглавје“

Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска и нејзиниот сопруг, лекарот Виктор Станков, наскоро ќе станат родители.

Политичарката ја објави среќната вест на својот инстаграм-профил, каде сподели компилациско видео со повеќе моменти од нејзината бременост.

„Наскоро ќе започне нашето ново поглавје“, напиша Ангеловска во описот на своето видео.

Да потсетиме, Ангеловска и Станков стапија во брак минатото лето. Тие го изговорија судбоносното „да“ во Соборниот храм, а свадбената веселба ја одржаа во престижниот хотел „Александар Палас“.

На свадбата беа присутни гости од јавниот и политичкиот живот, меѓу кои и поранешниот премиер Зоран Заев.

Ангеловска стана министер за финансии во 2019 година и e еден од најмладите министри во историјата на македонската политика.

Поранешната министерка Нина Ангеловска во Белград ќе предводи компанија на милијардерот Мишковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот