ВИДЕО | Поинакво издание на актерката Стојна Костовска, ваква никој не ја знае
Актерката Стојна Костовска на Инстаграм објави видео во издание какво што досега не сме ја виделе.
Препорачано
Актерката, која со децении го збогатува македонското културно поднебје, во опуштено издание покажа дека уметноста и песната се нераскинлив дел од неа.
Во видеото што го објави на Инстаграм, може да се види во опуштена атмосфера на отворено, како ужива во звуците на познатата песна „Несаница“ и ја пее. Во двор, на сончево време, опкружена со пријатели, со пијалок и добро мезе, актерката ја изведува песната и на шега вели дека е расположена од сокот што го пие.
Видеото, кое зрачи со емоции, ја прикажува актерката во сосема природно издание. Со кренати раце и искрена насмевка, таа не само што ја пее секоја строфа од песната, туку и танцува.
Додека Костовска пее со силен глас, нејзините пријатели со воодушевување ја следат.
Актерката е родена на 31 март во Крива Паланка. Со својата непосредност, ведар дух и извонреден талент, таа веќе со децении е едно од омилените лица на македонскиот театар и телевизија.
Својата професионална кариера ја започнува веднаш по дипломирањето на отсекот за актерска игра во Скопје, во 1978 година. Набрзо потоа, во 1980 година, станува дел од ансамблот на Македонскиот народен театар, каде што останува сè до нејзиното пензионирање во 2022 година. Низ годините, на штиците што живот значат, Стојна оживеа безброј ликови, покажувајќи дека подеднакво вешто владее и со комедијата и со драмата.
Неодамна, во разговор за „Слободен печат“, токму на денот на нивната годишнина, таа се присети на љубовната приказна со својот сопруг, камерманот Зоран Костовски, која започнала сосема неочекувано, за време на снимањето на серијата „Курирот на Гоце“ во Берово, во 1978 година.
„Го гледав Зоки и си велев: ‘Леле, зарем овој човек ќе ми биде сопруг?’ Не можев да поверувам. Бев млада, студентка на четврта година, животот беше пред мене“, рече актерката.


