ВИДЕО: Почина поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе – Им подлегна на повредите
Почина поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, кој беше застрелан денеска за време на предизборен митинг во градот Нара додека држеше говор.
Препорачано
Веста ја пренесоа бројни светски медиуми и агенции, меѓу кои и јапонските државни медиуми.
Абе бил застрелан во градите и грбот, а неговиот напаѓач по пукањето бил уапсен. Абе бил тешко ранет и на лице место не давал знаци на живот.
ФОТО+ВИДЕО: Застрелан поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе
Врз Абе беа истрелани два куршума, а вториот куршум го погодил во грб. Тој бил префрлен во болница, но не покажувал знаци на живот, а подцна им подлегнал на повредите.
Напаѓачот е 41-годишниот Тацуја Јамагами од Нара, кој веднаш беше уапсен . Според неофицијални информации, атентатот го извршил со рачно изработен пиштол.
Јамагами е поранешен припадник на јапонската морнарица. Како мотив за нападот, Јамагами (41), и рекол на полицијата дека не бил задоволен од поранешниот јапонски премиер и дека подолг временски период планирал да го убие.
ВИДЕО: Во Абе пукаше поранешен припадник на јапонската морнарица


