ВИДЕО | Пивоваров: Сѐ се гледа – преминувањето на границата на кобниот автобус е снимено, истрагата е во тек

Владимир Пивоваров, национален координатор за гранично управување
Владимир Пивоваров, национален координатор за гранично управување / Утрински брифинг

Полека се расчистуваат околностите околу трагедијата со македонскиот автобус на автопатот „Струма“ во Бугарија и се елиминираат шпекулациите за самата несреќа. Меѓутоа, несреќата отвори многу други прашања за безбедноста и исправноста на работењето на транспортните компании.

-Ќе мора да се раздели законскиот дел за надлежностите на институциите. Член 49 за транспорт и врски ги разделува овие работи – царинските службеници се надлежни сите возила за меѓународен транспорт да поседува лиценца. Спроведена е истрагата во Царина и суспендирани се двајца цариници. Не е оправдување тоашто имало гужва на граница. Во издавањето интербус дозволи преку ИПА2 требаше да имаме интегриран компјутерски систем за сите возила, но средствата беа повлечени затоа што не беа искористени и беа пренаменети за лаборатории на крим-техника во МВР. Преку база на податоци веднаш ќе можеше да се знае дали е валиден документот на возилото, вели за Утрински брифинг Владимир Пивоваров, национален координатор за гранично управување.

-Не велам дека возилото имало фалсификуван документ или нешто такво. Сега сѐ е во сферата на шпекулации. Професионалноста треба да биде во преден план, а не рутината. Треба да се проверат патниците во автобусите, не по бројка туку по лични документи, додава Пивоваров.

По овој случај повторно се разгореа шпекулации за корупција.

-Кога ќе извадите лиценца за возило, влегувате во даночниот систем. Ако имате смешна цена за патување зарем не се прашувате како е тоа можно? Ако ви понудат ниска цена, нешто не е во ред. Оној кој работи легално поминува низ повеќе технички прегледи и има повеќе трошоци, вели Пивоваров.

Тој додава дека во вакви ситуации на немање документи, цариниците треба да го тргнат возилото на страна и инспекторатот изрекува казна. На црните превозници со комбиња им се одземаат возилата за да не го повторат прекршокот, но по две години судот им ги враќа и им се исплаќа отштета. Превозот на патници на црно е толку масовен што јавно се рекламираат на Фејсбук, коментира Пивоваров.

Но, се остава впечаток дека иако сѐ се знае и е очигледно, никој од надлежните не реагира и топката се префрла од институција на институција.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот